Барди од клупа чека деби за Трабзон, Адеми и Ристовски очекувано стартери!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди кој во минатата недела го засили турскиот првак Трабзонспор, од клупата за резерви ќе чека деби вечерва во Копенхаген во првиот меч од плејоф-битката со Данците за пласман во ЛШ за својот нов тим.

На Трабзон му се брзаше да го реализира трансферот на Барди за да го има за двомечот со Копенхаген, но тренерот Абдула Авчи денеска сепак се реши македонскиот репрезентативец да го остави на клупа и да не го турне веднаш во оган, туку да истрча со тимот кој е повоигран. Деби од клупа ќе чека и екс-шпанскиот репрезентативец Марк Бартра, кој дојде од Бетис пред неколку дена.

Двајцата македонски репрезентативци во Динамо Загреб, Стефан Ристовски и Аријан Адеми очекувано се стартери за „модрите“ на гостувањето во Норвешка кај Бодо Глимт во првиот меч од овој плејоф за ЛШ.