
Баер не е непобедлив: Хет-трик на Лукман за триумф на Аталанта во Лига Европа!
Лукман погоди двапати во текот на првото полувреме, а Леверкузен не успеа да го возврати ударот и не беше најдобра во првите 45 минути.
Избраниците на Чаби Алонсо не ги оправдаа очекувањата ниту во вториот дел од мечот, откако Џан Пјеро Гасперини го најде лекот за „фармацевтите“ и ги запре сите нивни напади, додека Лукман во 75. минута погоди за конечни 3-0.
Ова беше прв пораз за бундеслигашот, кој претходно ја освои титулата во германското првенство без загубен натпревар.