Аталанта и непобедливиот Леверкузен се борат за трофејот од Лига Европа!

Вечерва започнува разврската во европските купови, прво финале на програмата е она од Лига Европа во кое се среќаваат Аталанта и Баер Леверкузен.

Германскиот тим игра сезона од бајките, Баер Леверкузен без пораз ја заврши сезоната во Бундеслигата, а нема загубено меч ниту во останатите две натпреварувања.

Тимот на Чаби Алонсо е на два меча до тројна круна без пораз, а првиот од нив е вечерва против Аталанта.

Момците на Џанпјеро Гасперини играат во одлична форма и вечерва можат да испишат историја, да стигнат до првиот европски трофеј во нивното постоење.

За Леверкузен тоа би бил втор трофеј со оглед на тоа што имаат триумфирано во Купот на УЕФА во 1988 година.

Финалето од Лига Европа се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Авив“ во Даблин.