Синер преку Жанг до првото финале на трева во кариерата

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер обезбеди пласман во финалето од турнирот во Хале откако денеска со 2-0 го совлада Жиженг Жанг од Кина.

Иако на прв поглед делува дека лесно излегол на крај со својот противник, Синер мораше на теренот да помине 100 минути, а успеа да освои само еден брејк и тоа во деветтиот гем од првиот сет. Тој сет му припадна на Италијанецот со 6-4, а во вториот се играше тај-брејк во кој Синер беше подобар со 7-3.

Така, Синер дојде до првото финале во кариерата на турнир кој се игра на тревната подлога. Со тоа ја прекина серијата од десет финалиња на тврда подлога, а на кои седум пати триумфираше и доживеа три порази. За првата титула на трева ќе се бори против Хуберт Хуркач кој со 2-0 го совлада Зверев.

Меѓу другото, Синер со денешната победа се оддалечи на 1.360 бода пред Новак Ѓоковиќ, а ако утре победи, разликата ќе се искачи на 1.330 бода.