„Бомба“ од Лондон: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон!?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе замине за Лондон на една недела пред почетокот на гренслем-турнирот Вимблдон, а информацијата ја објави „Би-би-си“.

Според информациите од Лондон, Ѓоковиќ треба да пристигне во градот в понеделник, но засега не е потврден неговиот настап на третиот гренслем-турнир во сезоната.

Ѓоковиќ неодамна се оперираше откако се здоби со повреда на Ролан Гарос, по што прогнозите беа дека би можел да се врати на теренот дури на Олимписките игри во Париз.