
Артета доби одлична вест, Арсенал посилен против Реал Мадрид
Сака е надвор од тимот од крајот на минатата година поради повреда на задната ложа и мораше да оди на операција, а сега е во последната фаза од опоравувањето.
„Многу е блиску до враќање. Направи важен исчекор во опоравувањето и одлично напредува. Ќе видиме го тестираме и ќе процениме колку брзо може да се врати во тимот, но јасно е дека неговото враќање не е далеку“, изјави Артета.
За Арсенал најважно е Сака да биде спремен за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој на програмата е на осми април.