
Аморим во чудо: Не ми е јасна оваа еуфорија
За навивачите на англискиот тим ова е огромна победа бидејќи го доближува клубот до трофеј и спас на сезоната, но менаџерот Рубен Аморим се обидува да ги смири бидејќи има уште да се игра.
„Уште не е готово и не ја разбирам оваа еуфорија додека ни пласманот во финалето уште не сме го обезбедиле. Тоа себеси не смееме да си го дозволиме повеќе бидејќи она што го направивме ние на првиот натпревар, можат и тие во реваншот“, рече Аморим.
Вториот меч се игра в четврток на Олд Трафорд, а ако Јунајтед помине, ќе се врати во Билбао затоа што Сан Мамес ќе биде домаќин на финалниот меч од Лигата Европа.