Радост во домот на Ферстапен - му се роди ќерка! (ФОТО)

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, деновиве го доживеа најголемиот момент во неговиот живот и стана татко. 

Холандскиот ас и неговата партнерка Кели Пике добија ќерка, која одлучија да ја крстат Лили.Среќната вест двојката ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со новороденчето.

„Добредојде во светот, слатка Лили. Нашите срца никогаш не биле полни со љубов како сега – ти си нашиот најголем подарок. Те сакаме бескрајно“, напиша Верстапен во емотивната објава на Инстаграм.

Поради раѓањето на ќерката, Ферстапен вчера го пропушти денот на медиумски активности пред Големата награда на Мајами

Фото: Oracle Red Bull Racing/FB