Заврши доминацијата на Роналдо и Меси: Модриќ ја освои „Златната топка“ (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва беше одржана церемонијата за доделување на наградите на „Франс Фудбал“, а наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во 2018 година, очекувано, ја освои Лука Модриќ.

Како што се шпекулираше и пред почетокот на церемонијата, но и во претходните месеци, Модриќ стигна до престижната награда.

На второто место се најде Кристијано Роналдо, додека трет беше Антоан Гризман. По нив следуваа Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар...

Да потсетиме, Модриќ во тековната година успеа да ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид, а притоа имаше и огромен успех со хрватската репрезентација, со која го освои второто место на Светското првенство во Русија.