Запленета огромна количина фалсификувани дресови вредни – 3,5 милиони долари!

На помалку од две недели пред почетокот на СП 2026, полицијата во Торонто соопшти дека ја извршила рација и запленила огромен број фалсификувани фудбалски дресови, најмногу во канадската историја.

Од магацин во Мисисага биле запленети фалсификувани производи во вредност од повеќе од 3,5 милиони канадски долари, а меѓу запленетите предмети имало повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со фалсификувани ознаки на ФИФА, Најк, Адидас и Пума, како и две копии од трофејот на Светското првенство. Полицијата соопшти дека се уапсени две лица, против кои се поднесени обвиненија.

Торонто за време на Мундијалот очекува повеќе од 300.000 посетители, а во градот ќе се одиграат шест натпревари, меѓу кои и дуелот меѓу Канада и БиХ (12 јуни), како и натпреварот помеѓу Хрватска и Панама на 24 јуни.