Објавена контроверзна аудио снимка на Флорентино Перез: Сакаа да ме убијат!
Според каталонската радио станица RAC1, која ја откри снимката во својата програма, претседателот на Реал Мадрид може да се слушне како зборува за време на сослушувањето пред Националниот суд на Шпанија. Во аудио снимката, Перез тврди дека против него имало заговор, кој наводно вклучувал планови за негово убиство. Снимката е од сведочењето на Перез пред Националниот суд на 14 ноември 2019 година. За време на неговата изјава, тој разговарал за своето соперништво со Игнасио Санчез Галан, извршниот претседател на компанијата која се занимава со трговија на електрична енергија Ибердрола. Според Перез, Галан наводно се договорил со поранешниот полициски комесар Хозе Мануел Виљарехо во обид да го отстрани преку три можни методи.
„Постојат три работи што ми ги кажуваа постојано. Прво, дека најдобро би било да исчезнам преку несреќа или со вирус. Не знаев дека може да се исчезне некого со вирус. Друга работа што ја велат е дека мора да ги пронајдат банкарските сметки што ги има Флорентино Перез надвор од Шпанија и дека би платиле многу пари за тоа. А другата, што е скандалозна, е да ми вонбрачно најдат дете“, рече тогаш претседателот на Реал Мадрид.
Симптоматично е тоа што оваа снимка се пушта во етер во екот на претседателска кампања и тоа преку каталонски медиуми кој традиционално е наклонет на Барселона. Која е поентата на сето ова, со оглед на тоа што му оди во корист на Перез, веројатно ќе се дознае наскоро.