За Дешан трето финале откако е селектор, а малерот му е – Карим Бензема!

Француската легенда Дидие Дешан обезбеди ново финале, второ мундијалско по ред, со Франција и ќе се бори во недела против Аргентина за влез во најблескавата историја ако успее „галските петли“ да ги донесе до нова светска круна.

Дешан е еден од тројцата во историјата кој има титула и како фудбалер и како селектор, покрај Марио Лобо Загало и Франц Бекенбауер, а Франција сега има шанса да биде прва селекција со одбранета светска круна после 60 години, уште од бразилската ера со Пеле во 1962 година.

Но, има една неверојатна статистика поврзана со Дешан и успесите, зашто откако е селектор од 2012 година, за него ова е трето финале, зашто играше и на домашното Еуро 2016, кое по продолженија го загуби од Португалија. Но, интересно е тоа што секое од овие три финалиња е обезбедено кога Карим Бензема, актуелната „златна топка“ не бил во тимот.

Кога Бензема бил во составот, Франција не стигнала до финале, на СП во Бразил во 2014 година и на Еуро 2020 ланското лето.

Дешан има можност да го врати Бензема во тимот откако напаѓачот се рехабилитираше од повредата, но селекторот рекол „НЕ“ за таа опција, можеби и поради оваа причина да не е – малерот во репрезентацијата!