
Во саудиското дерби: Милинковиќ-Савиќ и Митровиќ го „расплакаа“ Роналдо (ВИДЕО)
Сергеј Милинковиќ-Савиќ го отвори резултатот во 64. минута, додека Александар Митровиќ во само три минути на крајот постигна два погодока за потврда на големиот успех на домашниот тим.
Ова беше деветта победа по ред за Ал-Хилал во саудиското првенство, со која само се зацврстија на лидерската позиција со 41 бод и тоа сега со седум повеќе од најголемиот конкурент за кого игра Роналдо, кој вечерва беше еден од полошите фудбалери во својата екипа.