Ван Нистерлој повторно повторно на „Олд Трафорд“?

Руд Ван Нистерлој не е заборавен на „Олд Трафорд“. Некогаш одличниот напаѓач на Манчестер Јунајтед е без ангажман една година и тоа откако го напушти ПСВ на една недела пред крајот на сезоната 2022/2023. 

Сега би можел да се врати на тренерската работа и тоа како асистент на Ерик Тен Хаг.

Фабрицио Романо пренесува дека се разгледува таа опција, но и дека е во игра Ван Нистерлој да биде именуван за прв тренер на Барнли.

Дресот на Манчестер Јунајтед, Ван Нистерлој го носеше од 2001 до 2006 година и во тој период постигна 95 голови во Премиер лигата.