Ужасно: Навивачи на Ривер се изживуваат врз свиња во дрес на Бока (ВИДЕО)
Хулиганите на домашниот тим се изживуваа врз свиња облечена во дресот на најлутиот ривал, која ја фрлаа во воздух и распарчуваа смеејќи се и пеејќи „Бока, ќе те убиеме“.
Реванш-средбата од Суперкласико требаше да се одигра во саботата, но во неколку наврати се одложи поради големиот инцидент кога на патот кон стадионот жестоко беше нападнат автобусот на гостинскиот тим во кој беа повредени и неколку фудбалери.