Ужас на фудбалски меч: Полицаец со пушка застрела голман (ВИДЕО)

Ужасна сцена е забележана на мечот меѓу Гремио Анаполис и Сенто Оесте кога еден полицаец со пушка го застрела голманот Рамон Соуза.

Полицаецот го погоди чуварот на мрежата со гумен куршум и му направи дупка во ногата поради која 22-годишниот голман заврши во болница.

Инцидентот се случи откако фудбалерите на двете екипи решија да се пресметаат, а полицијата сакаше да ги смири страстите, но предизвика поголем хаос.