Ултиматум од Катар: Ѕвездите без вакцина не може да играат на Мундијалот

Организаторот на Светското првенство (СП) во 2022 година, Катар разговара со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за задолжителна вакцинација на сите фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот.

Катар соопшти дека сите кои сакаат да учествуваат ќе мора да бидат вакцинирани, а такво нешто ќе се бара и за фудбалерите.

Фудбалерите се поделени за ова прашање и тоа би значело дека на Мундијалот најверојатно нема да настапат некои ѕвезди кои нема да се вакцинираат.