Турците најавуват: На Мурињо му се заканува шестмесечна суспензија?!

Португалскиот стратег на клупата на Фенербахче, Жозе Мурињо се наоѓа во незавидна позиција бидејќи според последните информации поради расистички коментари му се заканува суспензија од шест месеци, пренесуваат турските медиуми.

Галатасарај го обвини Мурињо по дербито за расизам откако Португалецот скокањето на клупата на Галатасарај го спореди со „мајмунско однесување“, исто така португалскиот ас даде и навредлив коментар за домашните арбитри сакајќи да го пофали словенечкиот судија Славко Винчиќ кој ја делеше правдата во дербито.

Од раководството на Галатасарај веќе започнаа судска постапка против Мурињо и најавија дека се спремни правда да бараат во УЕФА и ФИФА.

Во Галатасарај не беа задоволни и поради тоа што Мурињо по дербито влезе во соблекувалната за да им честита на судиите за според него добро завршената работа.