Тухел не успеа да ја урне традицијата, светот ќе почека странец да го освои Мундијалот!
Досега не се случило странец-селектор да го освои Светското првенство. Репрезентациите на Мундијалите секогаш победувале со домашен стратег.
Томас Тухел имаше шанса да ја прекине оваа традиција ако со Англија го освои трофејот, но Германецот не успеа, покажа дека тактички не е зрел за да ја води репрезентацијата до самиот крај.
Во финалето играат Аргентина и Шпанија, селекторите на овие репрезентации се од самите земји, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте, а тоа значи дека традицијата ќе продолжи.
