Кошаркарите ги дознаа ривалите за втората фаза од претквалификациите за ЕП!

Maкедонската кошаркарска репрезентација денеска ги доби противниците во продолжувањето на патот во битката за пласман на Европско првенство во 2029 во Германија

На ждрепката избраниците на селекторот Берокал во групата Ф ги добија селекциите на Kипар и Австрија. Натпреварите од оваа втора рунда во претквалификациите се закажани за 27-30 август, 26-29 ноември и 25-28 февруари.

Пласман во главните квалификации обезбедува само првопласираната репрезентација во овој циклус, а серијата ја почнуваме на 30 август на гости кај Австрија.