Обамејанг се сели во Шпанија, ќе игра во Ла Лига
Иако Обамејанг има договор со Марсеј и за следната сезона, француските медиуми наведуваат дека клубот од „Велодром“ нема да му прави проблеми на искусниот голгетер од Габон.
Се очекува Марсеј за неговата слобода да побара околу 1,5 милиони евра, сума која се смета за прифатлива ако се има предвид дека поранешниот стрелец на Арсенал и Барселона веќе навлегува во петтата деценија од животот.
Депортиво Ла Коруња летово по осум години успеа да се врати во елитното друштво на шпанскиот фудбал. Новата сезона тимот ќе ја започне на 17 август, кога на популарниот „Ријазор“ ќе го пречека Елче.