Вака не се победува: Овие бројки најдобро покажуваат каде погреши Тухел

Англија уште долго ќе жали за вчерашното загубено полуфинале против Аргентина во кое до завршницата имаа предност од 1-0, сепак грешката треба да ја бараат во своите редови и одлуката прерано да се повлечат, тоа го покажуваат и бројките.

Томас Тухел веднаш по дадениот гол на Гордон во 55. минута одлучи комплетно да ја повлече репрезентацијата и да се посвети на само на чувањето предност, таквата игра Аргентина ја казни со два гола и пресврт за место во финалето.

Како играше Англија по постигнатиот гол најдобро покажува и податокот дека репрезентативците на „Гордиот Албион“ по постигнатиот гол до 92. минута и погодокот на Лаутаро за целосен пресврт имале само 12% посед на топка.

Исто така во последните 25 минути, избраниците на Тухел комплетирале само 25 успешни додавања од вкупно 39 обиди, а дури 12 од биле од голманот Пикфорд.

Токму и затоа најголемиот дел од критиките за поразот на Островот одаде за германскиот селектор кој како што стојат работите ќе остане кормилото на Англичаните.

Англија сега ја чека само утешниот натпревар за трето место против Франција в сабота, додека Аргентина во големото финале против Шпанија ќе ја брани титулата освоена во Катар.