Катастрофа за Арсенал: Салиба поради повреда нема да игра пет месеци
Повредата на Салиба го активира алармот кај англискиот шампион Арсенал, а првичните проценки се дека дефанзивецот ќе паузира дури пет месеци.
Еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата ќе биде надвор од конкуренција за настап, а тоа дефинитивно ќе биде голем проблем за „топчиите“.
Тренерот Микел Артета најверојатно шанса ќе му даде на Кристијан Москера, кој минатата сезона покажа голем потенцијал на теренот.
Фото: Équipe de France de Football