Тухел го објави првиот список на Англија, повика двајца дебитанти

Aнглискиот селектор Томас Тухел го објави првиот список на фудбалери откако е селектор на Англија.

За натпреварите со Летонија и Албанија во кои Англија ќе биде фаворит Тухел повика 26 гудбалери.

На својот прв список Тухел повика двајца дебитанти и тоа Мајлс Луис-Скели од Арсенал и дефанзивецот на Њукасл, Ден Бирн. Исто така тој се одлучи во селекцијата да ги врати Џордан Хендерсон и Маркус Рашфорд.