Тројца Французи се запишаа во историјата на „галските петли“!
Прво име е Оливие Жиру, кој стана најстар фудбалер на „триколорите“ кој заиграл на СП, па уште даде и два гола, како најстар стрелец на двојниот светски првак и се израмни со Тјери анри на вечната листата на стрелци со по 51 гол. Првиот следен ќе го направи најдобар стрелец во историјата на Франција.
51 - Olivier Giroud has scored his 51st goal for France, joining Thierry Henry as France's topscorer. Olive. #FRAAUS pic.twitter.com/mLwtMFr4ik
— OptaJean (@OptaJean) November 22, 2022
Килијан Мбапе, најголемата француска ѕвезда моментно, зашто стана најмладиот фудбалер во историјата на Франција, кој успеал да дојде до пет гола на Светските првенства. Мбапе, кој го освои СП во 2018, даде четири гола во Русија, а погоди и денеска и до ефектот стигна до 23 години и 337 дена. Патем е во страшна серија со 12 гола на 11-те последни мечеви за „галските петли“.
5 - Kylian Mbappé became the youngest player to reach five World Cup goals for France (23y 337d), while he's now netted 12 goals in his last 11 appearances for Les Bleus across all competitions. Unstoppable. pic.twitter.com/fjCosW0FcF
— OptaJoe (@OptaJoe) November 22, 2022
Адриен Рабио, пак, стана прв француски репрезентативец после 24 години кој на еден мундијалски меч запиша гол и асистенција. Последен што тоа го направи беше Криштоф Дугари на СП 1998 во Франција против Јужна Африка, кога „триколорите“ првпат станаа светски прваци.
1 - Adrien Rabiot is the first France player to both score and assist a goal on his World Cup debut since Christophe Dugarry against South Africa in June 1998. Rebellion. #FRAAUS pic.twitter.com/yt3v5dZ1gI
— OptaJean (@OptaJean) November 22, 2022