Тотнем плати рекордна сума и донесе замена за Кејн

Екипата на Тотнем попладнево го потврди трансферот на Доминик Соланке од Бормут кој пристигнува како замена за Хари Кејн.

Кејн минатото лето го напушти Лондон, но тогаш клубот не доведе негова вистинска сезона и сезоната ја одигра без класичен напаѓач. Сега со сумата од 65 милиони фунти која ја платија за Соланке го срушија клупскиот рекорд.

Соланке сега е фудбалерот за кој Тотнем потрошил најмногу пари и фудбалерот кој Бормут најскапо го продал.

Станува збор за фудбалер кој е производ на школата на Челси, беше дел и од Ливерпул, а во минатата сезона играше во најдобра форма и постигна 19 голови во Премиер лигата.