Така се прави: Галатасарај го претстави Леао и ги откри сите детали

Рафаел Леао денеска и официјално беше претставен како ново засилување на турскиот гигант Галатасарај.

Галатасарај во соопштението со кое го објави трансферот ги откри и сите детали.

Согласно договорот на Милан ќе му биде исплатена фиксна сума 38 милиони евра. Покрај тоа, на Милан му припаѓаат и 20 отсто од профитот остварен од следната продажба на Португалецот.

Леао со Галатасарај стави потпис на четиригодишен договор, а неговата плата во Турција ќе изнесува десет милиони евра.

Португалскиот фудбалер се поврзуваше и со Астон вила, но на крајот се одлучи за турскиот шампион.