Сослушувањето заврши: Се чека само уште пресудата за Манчестер сити!
Веќе е добро познато дека против Манчестер сити се води процес со 115 обвинувања и поради тоа на актуелниот шампион му се заканува казна. Англиските медиуми пренесуваат дека делот за сослушување на сведоците и обвинетите е завршен и сега преостанува да се донесе одлуката.
Според достапните информации таа би можела да биде донесена до крајот на идниот месец, но тоа не значи дека и потенцијалната казна ќе биде веднаш извршена.
Англискиот гигант ќе има право на жалба која сигурно целиот процес ќе го пролонгира до идната сезона, па речиси е сигурно дека Манчестер сити нема да има санкции во актуелната.
Во меѓувреме избраниците на Пеп Гвардиола ќе продолжат со битките на теренот каде што во последниот период баш и не им оди за разлика од минатите години.