Швајцарската репрезентација остана без првиот голман - се пензионира на 36-годишна возраст

Голманот на Интер, Јан Зомер објави крај на својата репрезентативна кариера, нешто повеќе од еден месец по завршувањето на Европското првенство во Германија.

На него Швајцарија стигна до четвртфиналето, а токму 36-годишниот голман имаше голем придонес за тоа. Во репрезентативна пензија тој заминува со 94 настапи и 12-годишен стаж во националниот тим.

„По внимателна анализа, одлучив да ја завршам кариерата како голман на швајцарската репрезентација. Голема чест и задоволство беше да ја претставувам мојата земја претходните 12 години, а во иднина целото мое внимание ќе биде насочено кон Интер“, објави, меѓу другото, Зомер на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Yann Sommer (@yannsommer)