Шпанскиот селектор плачејќи влегол во соблекувалната: Отпуштен сум!

Роберто Морено повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, иако 42-годишниот стратег ја однесе селекцијата на Европското првенство, кое ќе се игра во 2020 година.

Меѓутоа, по синоќешната победа против Романија, Морено добил отказ, а според шпанските медиумите тој влегол по дуелот во соблекувалната плачејќи и им соопштил на фудбалерите дека добил отказ.

Морено потоа одбил да дојде на прес-конференција, а за денеска е најавена уште една на која ќе биде соопштено дека Луис Енрике ќе се врати на селекторското место.

Енрике пред неколку месеци го напушти кормилото на Шпанија, поради болест на неговата ќерка.