Шокантна снимка: Маскирани мажи убиваа луѓе на фудбалски натпревар! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Oд Еквадор присигнува шокантна снимка од натпревар во мал фудбал каде што бил убиен наркобос и уште две лица, додека уште неколкумина биле ранети.

Како што се гледа на снимката од камерите повеќе маскирани лица во еден момент влегуваат на теренот и ги напаѓаат учесниците кои според информаците на локалните медиуми исто така биле криминалци.

Наводно главна мета бил наркобосот Ел Марино кој бил водач на кланот Лос Лагартос. На снимката може да се види како едно лице го удира со нога него во лице, а потоа му застанува со стапалото на главата додека тој беспомошно лежи на тревникот.