
Шок за Рома: Заврши сезоната за Дибала!
Дибала се повреди во натпреварот против Каљари кога влезе во игра во второторо полувреме, но набрзо мораше да биде заменет.
Првичните најави беа дека Дибала ќе паузира околу еден месец, меѓутоа повредата била посериозна и тој ќе мора да оди на операција. Аргентинскиот фудбалер се здобил со сериозно мускулно оштетување и од клубот одлучиле дека е најдобро да оди на операција со цел да се реши проблемот.
Договорот со Рома Дибала го продолжи овој јануари и тој е со важност до следното лето.