
Селекторот на Канада со скандалозна изјава: Следна цел ни е да ја е*еме Хрватска!
Но, позитивното што го добија вчера го загубија утринава, откако во јавноста се појави изјавата на канадскиот селектор, Џон Хердман, во која нема ни трошка почит за нивниот следен противник, Хрватска.
„Само што им кажав на моите фудбалери дека докажаа дека припаѓаат да бидат дел од Мундијалот и дека продолжуваме како што почнавме. Наша цел сега е да ја е*еме Хрватска“, изјави Хердман.
Натпреварот помеѓу Канада и Хрватска, која стартуваше со реми против Мароко (0-0), ќе се одигра в недела на 27 ноември.