
Сантос првпат во историјата испадна во втора лига - градот гореше! (ВИДЕО)
Клубот во кој играа Пеле и Нејмар, синоќа испадна во бразилската Серија Б откако загуби на домашен терен со 2-1 од Форталеза.
Ова беше испишувања на негативна историја на клубот бидејќи досега секогаш настапувале во најсилната бразилска лига.
Навивачите тешко го прифатија поразот, па во градот Вила Белмиро се случуваше вистински хаос.
Се палеа автомобили и автобуси, дел од превозните средства беа и на фудбалери на Сантос.