Сан Лоренцо во невозможна мисија: Ги бара Меси и Суарез

Потпретседателот на аргентинскиот клуб Сан Лоренцо, Марсело Тинели изјави дека сака да ги доведе двете најголеми ѕвезди на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. 

Речиси е научна фантастика да убеди еден од овие фудбалери да се пресели во неговиот тим, а не двајцата заедно во пакет. 

„Сакам да го убедам Меси да дојде во Сан Лоренцо, но тој најверојатно ќе ме одбие и ќе ми рече дека ќе се пресели во Нуелс Олд Бојс. Што се однесува до Суарез, можеме да го почнеме процесот уште утре. Ја чувам 'картата' да го доведам Суарез во Сан Лоренцо. Му пратив дрес и визит карта. Тој е голем фан на нашиот клуб“, вели Тинели.

Доколку Лионел Меси одлучи да не ја заврши кариерата во Барселона, тоа дефинитивно ќе го направи во својот клуб од детството Нуелс Олд Бојс, каде играше шест години пред да замине за Шпанија и да потпише за Каталонците.