Салиба поради малку познато правило не смееше да шутира пенал против Јунајтед
Имено, според правилата на ФА Купот двете екипи мора да имаат еднаков број на изведувачи во текот на пенал рулетот, а бидејќи Диого Далот доби црвен картон „црвените ѓаволи“ до крајот играа со десетмина фудбалери, па „топџиите“ мораа да изберат еден кој нема да учествува.
Изборот падна на репрезентативецот на Франција, иако тоа можеше да биде и голманот Давид Раја кој остана помеѓу изведувачите.
Ќе потсетиме, Манчестер јунајтед беше подобар во пенал серијата, а единствен кој промаши кај Арсенал беше Каи Хаверц.