Салах го прослави роденденот со торта тешка 100 килограми!

Мохамед Салах го минува можеби најтешкиот период во својата кариера, бидејќи иако е дел од репрезентацијата сепак поради повреда не може да му помогне на Египет на Светското првенство во Русија.

Сепак, тоа на беше проблем да не се одбележи неговиот 26-ти роденде, а една мала група негови симпатизери од Чеченија му подарија роденденска торта тешка дури 100 килограми!

Џиновската торта за Салах беше декорирана и со златна копачка на врвот, а на тортата симболично беа претставени и рекордните 44 гола што ги постигна Салах со екипата на Ливерпул во текот на оваа сезона.

Египет на Мундијалот се натпреварува во групата А, а во првото коло претрпе несреќен и минимален пораз од Уругвај. До крајот на групната фаза ќе игра уште и со Русија и Саудиска Арабија.