
Рутинска победа на Манчестер јунајтед над Нотингем форест (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен уште во 19. минута кога Ериксен од корнер одлично го проигра Рашфорд кој мајсторски се откри и погоди за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Само три минути подоцна веќе беше 2-0, а стрелец на погодокот беше Марсијал, Рашфорд овојпат ја имаше улогата на асистент.
Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога Фред по асистенција од Касемиро постигна гол за конечни 3-0.