Руските пилоти кои спасија 233 животи добија ордени, но и доживотни фудбалски билети

Руските пилоти кои добија ордени за храброст откако успеаа да слетаат авион во полјана и да спасат 233 животи откако мотор на авионот се расипа при судар со птица, добија доживотни фудбалски влезници за мечевите на Урал, откако клубот реши на овој начин да им се заблагодари за херојскиот чин.

Руските пилоти на компанијата „Урал Ерлајнс“ го слетаа без проблеми авионот во полјана, а сите патници беа експресно евакуирани и спасени.

„Доживотни влезници за храброст! Сакаме да израдиме длабока почит за посадата на овој авион. Горди сме на вас, на нашите сограѓани. Како симбол на нашата бескрајна почит и благодарност, на сите членови на посадата им даваме бесплатни билети за сите мечеви на Урал и тоа до крајот на животот. Единствената тензија која сакаме да ја почувствуваат е таа на стадионот и никаде на друго место“, стои во објавата на Урал.