Роналдо со нов став за СП: Не ми е важен турнирот на кој се играат шест-седум меча!
Иако во 2020 година зборуваше дека сака да го освои Мундијалот, односно тоа е негов сон, сепак пет години подоцна вели дека не му е важен турнирот.
„Не сонувам да го освојам Светското првенство. Едно натпреварување со шест или седум натпревари, мислите дека тоа е фер?“, кажа Роналдо.
Неговата претходна изјава во 2020 година беше дека сака и сонува да го освои пехарот на Мундијалот.
„Сакам да го освојам Мундијалот. Освојував трофеи со секој клуб каде што играв, но Светското првенство е мој голем сон“, зборуваше Португалецот во минатото.