
Роналдо и Мане го збришаа најголемиот ривал за титулата во С. Арабија!
Сенегалскиот напаѓач Садио Мане го отвори резултатот уште во 9. минута со прецизен волеј-удар по асистенција од Кингсли Коман. До крајот на првото полувреме, во 35. минута, Кристијано Роналдо ја зголеми предноста и го постигна 946. гол во својата кариера. Португалецот сега е втор стрелец во лигата со четири погодоци, само еден помалку од соиграчот Жоао Феликс. Мане беше двоен херој за „жолтите“, откако покрај голот, го запиша и додавањето за погодокот на Роналдо.
Дуелот привлече внимание и поради емотивната средба меѓу Роналдо и Карим Бензема – поранешните соиграчи од Реал Мадрид се поздравија пред почетокот на натпреварот.
ФОТО: EPA PHOTO