„Македонецот“ Шортс ѝ кажа НЕ на грчката салата, а бендиса - пита и бурек (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, летово направи сензационален трансфер во таборот на европскиот првак Панатинаикос, каде што е претставен како големо засилување за следниот период.

Тој деновиве беше во центарот на вниманието и на луѓето од Евролигата, кои направија видео со него и со Ришон Холмс, кој исто така е ново засилување за атињани, како пробуваат грчка храна. На Шортс не му се допадна грчката салата, додека ја бендиса питата со спанаќ додека остана воодушевен од бурекот со крем од ванила, кој го нарекуваат „галактобуреко“.

Холмс, пак, не најде преголема забелешка на ниту една од понудените три опции на грчка храна.