Симеоне со помош на традицијата ќе проба да го сопре перфектниот Реал Мадрид!

Атлетико Мадрид влегува со променлива форма во денешното градско дерби против Реал Мадрид во Ла Лига, но тренерот Диего Симеоне нагласува дека вниманието мора да биде насочено кон моменталната игра, а не кон минатото.

„Кралевите“ имаат совршен старт со шест победи по ред, но не успеале да слават во последните пет дуели со Атлетико во првенството.

„Не се врзувам за минатото, живеам во сегашноста“, изјави Симеоне, додавајќи дека тимот на Чаби Алонсо значително ја подобрил колективната игра и е поцврст во одбраната.

Формата на Атлетико е далеку послаба – само девет бодови од шест кола, со две победи.

„Имаме осум нови играчи и седум од минатата сезона. Некои работи се добри, други бараат подобрување“, додаде Аргентинецот.

Дополнителен предизвик за „јорганџиите“ е и пократкиот одмор, бидејќи во средата играа против Рајо Вајекано, додека Реал имаше ден повеќе по дуелот со Леванте.