
Српска ракометарка го изведе најлудиот пенал во историјата (ВИДЕО)
Станува збор за 16-годишната организаторка на играта, која ја воодушеви публиката со уникатниот начин со кој изведе еден од седмерците. Таа со пируета во место, односно со вртење од 360 септември, ја збуни противничката голманка и постигна ефектен погодок.
Младата Оташевиќ минатата сезона дебитираше за првиот тим и во 14 натпревари запиша девет погодоци. Сезонава не се запиша во листата на стрелци на првите два меча во домашното првенство, но токму во Европа остави белег со уникатен гол.