Роналдо го демантира потписот за Ал Наср и кажа нешто со што го одушеви – целиот свет!

Кристијано Роналдо не беше во стартниот состав на Португалија во синоќешната убедлива победа над Швајцарија (6-1) во осминафиналето од Мундијалот во Катар, но и покрај тоа беше во центарот на вниманието на јавноста, па по средбата сите сакаа да слушнат негов коментар за одлуката да биде резерва, но и за шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Ветеранот воопшто не сакаше да говори за дуелот со Швајцарците, но категорично демантираше дека веќе потпишал за Ал Наср.

„Не, тоа не е точно. Едноставно – не е точно!“, изјави кусо Роналдо.

Доскорешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се најде на удар на јавноста поради предвременото напуштање на теренот во моменти кога неговите соиграчи славеа со португалските навивачи (види ТУКА), нешто што исто така не сакаше да го коментира. Но, по средбата тој кажа реченица со која го одушеви целиот спортски свет.

„Му посакувам на Пеле брзо опоравување, тој е нашиот фудбалски крал. А, дали сонувам да станам светски првак? Па, нормално дека сонувам“, изјави Роналдо.

Меѓу тие што тврдат дека легендарниот напаѓач се уште сака да игра во тим со сериозни амбиции е и португалскиот новинар, Педро Сепулведа, кој објави дека Роналдо сигурно ќе ја одбие огромната понуда од Ал Наср вредна 200 милиони евра по сезона, бидејќи тој не бара пари. Португалецот сака идеален проект за да продолжи да игра на највисоко ниво. Негов приоритет е клуб кој ќе се бори за трофејот од Лигата на шампионите, а играњето во Азија воопшто не е опција за него.