Роналдо докажа дека е плачко: Португалците слават, а тој си замина во соблекувална (ВИДЕО)

Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо докажа навистина дека е плачко. Очигледно не може да поднесе некој друг да го украде шоуто, па откако беше резерва првпат на голем турнир после 14 години, а блескаше младиот Гонсало Рамош, по завршување на мечот не отиде да слави со соиграчите.

Наместо пред португалската армија навивачи на трибините за да се прослави успехот со пласманот во четвртфинале после бравурозна ноќ со која Португалија ја покажа сета моќ, Роналдо, типично за него, си замина во соблекувалната колку уште повеќе да го навлече гневот на сите.

Роналдо беше омилен во Португалија, ама во последно време и во татковината стана антипатичен, особено откако со сите сили се трудеше да му го украде голот на Бруно Фернандеш против Уругвај, божем дал гол со влакното од косата.