Робињо во затворот не губи време - си најде бизнис партнер!

Легендарниот бразилски фудбалер, Робињо повеќе од една година е во затвор во Бразил каде што ја издржува казната за групно силување на девојка во Италија во 2013 година.

Но, во затворот Робињо не губи време, а шпанска „Марка“ пренесува дека успеал да пронајде и бизнис партнер. Наводно, Бразилецот се запознал со хакерот Валтер Делегати кој исто така е на издржување казна затвор и тоа од осум години поради хакирање на системот за правосудство во Бразил.

Според информациите Робињо успеал со него да се договори за отворање на обложувалница, кога двајцата ќе бидат на слобода.

Делегати и Робињо, за кого се верува дека е автор на идејата престојуваат во раздвоени ќелии, но често времето го поминуваат заедно во дворот, пишуваат локалните медиуми.

Робињо за споменатото силување беше осуден на девет години затвор, но исто така работи во затворот и за секои 12 часа работа неговата казна се намалува за еден ден.

Фото: EPA