Робињо наместо со семејството, празниците ги помина во затвор со познати убијци!

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, издржува затворска казна од девет години поради силување кое се случило во Италија во 2013 година.

Робињо во 2022 година беше прогласен за виновен за групно силување во Италија. Во моментов е во затвор, ја издржува казната, а бразилските медиуми информираат дека тој побарал да ги помине новогодишните празници со својата сопруга Вивијан, но властите не му дозволиле.

Робињо е во бразилскиот затвор „Д-р. Хозе Аугусто Цезар Салгадо“ во Сао Пауло кој е познат како „затвор на славните“. Во затворот се сместени политичари (Луиз Естевао), познати личности (Антонио Маркос Пимента дас Невес) и познати убијци како Александар Нардони, Кристијан Кравињос (убиецот на Фон Рихтофен), Роџер Абделмасих (доктор кој малтретирал 9 пациенти ) или Линдемберг Алвеш, кои беа осудени за злосторства како што се силување, киднапирање или убиство.

Фудбалерот се жалеше дека тој е невин, но италијанските власти не ги прифатиле неговите факти.

„Тоа беше брза врска. Разменивме бакнежи по што јас си заминав дома. Имаше други луѓе таму. Кога видов дека таа сака да продолжи со други момци, јас си заминав. Никогаш не го негирам тоа. Беше взнаемно. Но моја ДНА не беше таму бидејќи јас си заминав пред да се случи нешто. Не сум лажго“, објаснуваше Робињо за бразилските медиуми кога беше актуелен случајот.