Ривер плејт жестоко казнет за хаосот пред „Монументал“

Конечно почнаа да пристигнуваат казните по големи инциденти кои се случија пред стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, откако беше каменуван автобусот со фудбалерите на Бока јуниорс пред реваншот со Ривер плејт во финалето од Копа Либертадорес.

Реваншот беше двапати одложен поради лудилото на навивачите на Ривер, па „Монументал“ беше суспендиран од КОНМЕБОЛ додека се чекаше одлуката за тоа каде ќе се игра Суперкласико.

„Монументал“ ќе биде затворен на два натпревари, а Ривер е казнет и со 400.000 долари.