Реал Мадрид не запира: „Кралевите“ пред договор и со второто засилување

Младиот лев бек на Бенфика, Алваро Карерас (22), наскоро би можел да стане нов фудбалер на Реал Мадрид, најавуваат шпанските медиуми. 

Станува збор за фудбалер кој во минатото беше дел и од младинските категории на „кралевите“, но никогаш не доби вистинска шанса во Мадрид.

Карерас според информациите има голема желба повторно да го облече белиот дрес и не поставил никаков дополнителен услов од тоа што му било понудено. 

Сепак, останува и потешкиот дел, а тоа е договор помеѓу клубовите. Преговорите веќе започнале и добро се развивале, но истите биле стопирани поради финалето во Купот на Португалија кое денес Бенфика го игра против Спортинг, тоа е и последната шанса за трофеј откако ја загубија трката за шампионската титула во првенството.

Фото: Benfica/X